Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО АКАДЕМИЈА 2022
НАТО АКАДЕМИЈА 2022 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 Јуни 2022 11:16

Како дел од проектот 3та НАТО Академија 2022, во организација на Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија, во текот на јуни месец, над 30 студенти имаа можност да остварат официјални посети во неколку институции кои се под надлежност на министерството за одбрана.

1

Како прва, на 07 јуни 2022 година, беше посетата на Воената академија "Генерал Михајло Апостолски" во касарната "Гоце Делчев" во Скопје. На настанот учествуваа студенти од цивилните универзитети од земјава, како и млади професионалци вработени во цивилниот сектор.

2

Учесниците беа примени од страна на деканот, др. Митко Богданоски и имаа можност да се запознаат со критериумите и условите за студирање на Воената академија; основните одговорности за едукација, обука и подобрување на кадарот за потребите на МО, АРМ, системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување; организациската структура и можностите за усовршување на кадетите.

Учесниците на Третата НАТО Академија 2022 за време на посетата имаа можност да присуствуваат во неколку различни објекти, помеѓу кои и компјутерскиот центар за хибридна одбрана.

3

Самата посета, траше повеќе од два часа и претставуваше одлична можност за младите студенти од цивилните универзитети, да се запознаат со функционирањето на оваа едукативна - воена институција која е единствена во земјата која обучува кадар за министерството за одбрана, армијата, како и центарот за справување со кризи и дирекцијата за заштита и спасување.

По неколку физички настани, на 09ти јуни 2022 година, беше одржано третото предавање од НАТО Академијата, на тема: „Најновите меѓународни настани и позиционирање на НАТО на патот кон самитот во Мадрид“.

4-5

Настанот беше одржан преку директна ЗООМ врска со седиштето на НАТО во Брисел, а говорници беа:
Г-ѓа Винета Клајн, директор на Информативниот и документационен центар на НАТО, Киев, Украина;
Г-ѓа Беата Паташова, програмски офицер на НАТО за Русија и источно-европските партнери

6

Официјалната посета на Регионалниот центар за односи со јавноста (PARC), беше одржана на 13ти јуни 2022 година. Околу 30 млади претставници, покрај основите за центарот и обемот на работа, имаа можност да учествуваат и на курсот „train the trainers“ воден од високи американски експерти за комуникации.

7

Самите посети претставуваа уште една потврда за долгогодишната соработка со Министерството за одбрана, како и посветеноста на Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија долгорочно да придонесе кон едукација и градење на капацитетите.

Главна цел на Третата НАТО Академија е преку едукација да се засилат реформите и правната рамка во областа на безбедноста и одбраната на долг рок, како и да се креира платформа за едукација, дебата и дискусија, посебно кај младата популација.

8-9

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

 

Публикации