Вторник, 14 Март 2023 11:04 |

Дали работите во сектор/заедница која е ранлива на дезинформации? Дали дезинформациите влијаат на вашата работа? Дали би сакале да помогнете во градењето отпорност на дезинформации во вашата земја и да научите повеќе за хибридните закани?
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА?
⭕ 3-дневна регионална работилница за градење отпорност на дезинформации, ⭕ ќе научете како да ги анализирате дезинформациите со кои се соочува секоја земја од регионот и како да препознаете информации што се точни и веродостојни, ⭕ подготвување кратки и информативни анализи со користење на веродостојни и потврдени податоци кои ќе ви помогнат во вашата работа, ⭕ со помош на ментори и експерти, ќе подготвите документ за политики и стратегија за застапување за справување со дезинформациите во Западен Балкан.
КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА?
Доколку сте на возраст од 20-35 години и сте заинтересирани за прашањето за борбата против дезинформациите, испратете ни го вашето CV до 14 април 2023 година на е-поштата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Предмет на е-поштата: „Отворен повик: зголемување на свеста за хибридните закани - „вашето име“. Во самата порака, не заборавајте да ни кажете зошто треба да ве избереме вас. (два параграфи за вас и вашата мотивација).
Оваа активност е организирана во рамките на проектот „Зголемување на свеста за хибридните закани: Јакнење на отпорноста во Западен Балкан“ и е поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд.
Проектот се реализира:
Проектот е поддржан од:
|