Regional Approach to Smart Defence and Pooling and Sharing Initiatives - Possibilities and Directions Печати
Среда, 22 Октомври 2014 11:17

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија oд 17-19 Октомври 2014, организирше конференција на тема “Regional Approach to Smart Defence and Pooling and Sharing Initiatives - Possibilities and Directions”. Конференцијата е од големо значење за планирање на идната безбедноста во регионот. Со претставници од сите А5 земјите плус Косово и Србија, на конференцијата се разговараше за тоа како секоја земја од регионот може да ја подобри регионалната безбедност, а во исто време одржувајќи ги реалистичните погледи за растечките закани, тензиите во регионот и кратењето на буџетите за одбрана.

vest struga 6

Вечерта на 17-ти, домаќинот ЕАСМ организираше вечера за добредојде за сите учесници, каде што беа одржани плодни дискусии. Официјалниот дел на конференцијата започна следното утро со седницата на која претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани ја отвори конференцијата и го покани Н.Е. Арбен Лабеништа, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија да се обрати на публиката.

vest struga 1

По неговиот говор, г-дин Трифун Костовски извршниот директор на бизнис клубот на Еврото - Атлантскиот Совет на Македонија се обрати и ги објасни можните бизнис перспективи.

vest struga 3

Следен на говорницата беше нашиот драг гостин од Брисел, г-дин Џејсон Вајсман, генералниот секретар на Атлантската асоцијација. Оваа сесија продолжи со обраќање на претставниците на регионалните членови на АТА, д-р Аријан Старова, претседател на Атлантскиот Совет на Албанија, г-ѓа Дијана Гупта, претседател на Атлантскиот совет на Босна и Херцеговина, М-р. Моника Беговиќ, Член на Атланскиот совет на Хрватска, д-р Бејтуш Гаши, претседател на Атлантскиот Совет на Косово и заменик министер на Косовските безбедносни сили и г-дин Милован Милошевиќ извршен директор на Атлантскиот совет на Србија.

vest struga 4

Денот продолжи со Тркалезната маса - Лекции научени од ОН, НАТО и операциите предводени од ЕУ, модериран од страна на полковникот Методија Хаџи Јанев, продекан на Воената академија "Генерал Михајло Апостолски".На оваа тркалезна маса говорници беа истакнати гости од регионот: потполковник. Славен Арамбасиќ, заменик-шеф на секторот за политика и планирање во Министерството за одбрана во Босна и Херцеговина, д-р Томо Радичевич, раководител на Секторот за политика и планирање во Министерството за одбрана на Хрватска, г-дин Фарук Гечи, директор за политика и планирање во Министерството за одбрана на Косово и полковник Љубе Дукоски, Државен советник за политика и планирање во Министерството за одбрана на Република Македонија.

vest struga 5

Следна на дневен ред беше тркалезната маса наречена “Кои се можностите и насоките за А5+ земјите во контекст на паметната одбрана и здружување и споделување на иницијативи” каде г-дин Вајсман одржа презентација на оваа тема и ги објасни растечките безбедносни закани.
Конференцијата беше завршена со панелот наменет за препораки за развој на заедничките капацитети и способности во духот на НАТО паметна одбрана и ЕУ за здружување и споделување на иницијативи.

vest struga 2

Настанот се одржа во хотел Дрим, Струга.