| Regional Approach to Smart Defence and Pooling and Sharing Initiatives - Possibilities and Directions |
|
|
|
| Среда, 22 Октомври 2014 11:17 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија oд 17-19 Октомври 2014, организирше конференција на тема “Regional Approach to Smart Defence and Pooling and Sharing Initiatives - Possibilities and Directions”. Конференцијата е од големо значење за планирање на идната безбедноста во регионот. Со претставници од сите А5 земјите плус Косово и Србија, на конференцијата се разговараше за тоа како секоја земја од регионот може да ја подобри регионалната безбедност, а во исто време одржувајќи ги реалистичните погледи за растечките закани, тензиите во регионот и кратењето на буџетите за одбрана.
Вечерта на 17-ти, домаќинот ЕАСМ организираше вечера за добредојде за сите учесници, каде што беа одржани плодни дискусии. Официјалниот дел на конференцијата започна следното утро со седницата на која претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани ја отвори конференцијата и го покани Н.Е. Арбен Лабеништа, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија да се обрати на публиката.
По неговиот говор, г-дин Трифун Костовски извршниот директор на бизнис клубот на Еврото - Атлантскиот Совет на Македонија се обрати и ги објасни можните бизнис перспективи.
Следен на говорницата беше нашиот драг гостин од Брисел, г-дин Џејсон Вајсман, генералниот секретар на Атлантската асоцијација. Оваа сесија продолжи со обраќање на претставниците на регионалните членови на АТА, д-р Аријан Старова, претседател на Атлантскиот Совет на Албанија, г-ѓа Дијана Гупта, претседател на Атлантскиот совет на Босна и Херцеговина, М-р. Моника Беговиќ, Член на Атланскиот совет на Хрватска, д-р Бејтуш Гаши, претседател на Атлантскиот Совет на Косово и заменик министер на Косовските безбедносни сили и г-дин Милован Милошевиќ извршен директор на Атлантскиот совет на Србија.
|



























