News:
You are here: Home|Media Centre |News|CALL FOR PARTICIPATION IN THE NATO SIMULATION on the topic: "NATO and Afghanistan: ISAF AND WHAT NEXT"
CALL FOR PARTICIPATION IN THE NATO SIMULATION on the topic: "NATO and Afghanistan: ISAF AND WHAT NEXT" PDF Print E-mail
Monday, 03 December 2012 13:05

Со оглед на тоа дека студентските конференции и сите настани од ваков тип во Република Македонија се покажаа како мошне успешни и корисни за студентите, Министерството за одбрана на Република Македонија во соработа со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, а во коорганизација со високо образовни институции во земјата и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, во рамки на Студентската конференција ќе организира симулација на заседавање на НАТО на тема:

„НАТО и АВГАНИСТАН: Мисијата ИСАФ и што понатаму“
(“NATO and Afghanistan: ISAF Mission and beyond”)

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и ќе се разгледува прашањето за Авганистан. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на Западен Балкан.

Критериуми: Учесници на симулацијата потребно е да бидат студенти во трета или четврта година на студии со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО и да имаат добро познавање на англискиот јазик. 
Симулацијата претставува интерактивен настан и за него студентите потребно е да се соодветно подготвени за прашањата за НАТО, безбедноста како и за национални прашања поврзани со земји-членки на НАТО.

Материјали за подготовка на кандидатите како и насоки за работа ќе бидат дадени од страна на претставници на Евро-Атлантски Совет на Македонија на ден 07.12.2012 година со почеток во 18.00 часот во Домот на АРМ-Скопје.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во Евроатланскиот совет на Македонија најдоцна до 06.12.2012 година до 16:00 часот на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и во прилог да достават кратка биографија и писмо на мотивација за учество на настанот. 
За дополнителни информации слободно обратете се кај Илија Џугуманов на 078/285-561 или пак на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Симулацијата на НАТО ќе се одржи на 18.12.2012 во Домот на АРМ, Скопје во рамки на Студентската конференција „Интегрирањето на Република Македонија и новите безбедносни предизвици“.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРО-АТЛАНТСКИ СОВЕТ
НА МАКЕДОНИА

 

Publication