Зголемена соработка со Министерството за одбрана |
![]() |
![]() |
![]() |
E mërkurë, 15 Mars 2023 13:58 |
Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска и претседателот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани го потпишаа Меморандумот за соработка кој предвидува голем број на заеднички активности со една основна цел – развој на демократијата и зацврстување на евроатлантските вредности во македонското општество. „Евроатлантскиот совет е столбот на атлантизмот во државата. Вашата посветена работа во ширењето на евроатлантските вредности, особено кај младите кои се и нашите идни лидери е од круцијално значење за развојот на нашето современо, европско и демократско општество“, рече министерката и додаде дека Евроатлантскиот совет секогаш на Министерството може да гледа како партнер и силен поддржувач. Претседателот на Евроатлантскиот совет, Рамадани се заблагодари за континуираната поддршка од министерката Петровска и Министерството и порача дека заедно и здружени можеме да ги внесеме евроатлантските вредности кај младата популација, која покажува силен интерес за сето она што претставува Алијансата и за нејзината улога во заштитата на безбедноста и стабилноста на територијата на НАТО. „Се согласивме да ги обединиме силите за промоција на евроатлантските вредности, јакнење на капацитетите и забрзување на реформите, како и целосна поддршка на демократијата, човековите права и владеењето на правото. Во наредниот период, ќе се работи на многу заеднички проекти, тренинзи и иницијативи преку неколку програми за различни групи на граѓани. Веќе од крајот на март 2023, предвидено е заедничко одржување на неколку настани по повод членството во НАТО и денот на НАТО.“, истакна Исмет Рамадани, претседател на Евро-атлантскиот совет за време на потпишувањето на Меморандумот. |