Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Повик за студенти (студентска симулација и конкурс за есеј)
Повик за студенти (студентска симулација и конкурс за есеј) PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Април 2015 13:49

Денешните студенти како идни лидери кои ќе ја превземат одговорноста за водење на општествените процеси се од клучно значење за секоја земја. Уште повеќе, имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настани од ваков карактер се покажаа како мошне успешни и интересни за студентите, во духот на евро-атлантските вредности на тема „Април е месец на НАТО Алијансата“, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе организира два настани наменети за студентите.

1.    Студентска симулација „НАТО и светот по Самитот во Велс“

Настанот ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави/влади и ќе се разгледуваат актуелните глобални случувања, една година по самитот на НАТО во Велс. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што ќе им овозможи на студентите одблиску и практично да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика.

Материјали за подготовка на кандидатите како и насоки за работа ќе бидат дадени од страна на претставници на Евро-Атлантски Совет на Македонија на инфо брифингот кој ќе се одржи една недела пред главниот настан. Сите учесници кои ќе бидат примени, ќе бидат дополнително известени. Поради ограничените капацитети на симулацијата покрај оценка на квалитетот, пријавите ќе ги прифаќаме континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават најдоцна до 20 април 2015 година (понеделник) преку апликационата форма која ќе ја најдете во прилог на повикот.  

Важно (начин на пријавување): Секој од кандидатите во апликационата форма (види подолу) покрај основни податоци треба да прикачи кратка биографија/CV и есеј/пишан текст. Правилата за пишување на есеите се исти со оние од конкурсот за најдобар есеј (види подолу).

Настанот ќе се одржи на 30 април 2015 година (четврток) во ЕРА Центарот на Скопски Саем. Работен јазик на студентската симулација е англиски.

2.    Конкурс за најдобар есеј – „Македонија и НАТО во 2020 година“

Конкурсот за најдобар пишан текст/есеј има за цел да ги поттикне младите истражувачи и студенти од земјата да истражуваат, следат, размислуваат, дебатираат, но и да понудат свежи идеи на теми поврзани со: динамиката и процесот на Македонското зачленување во НАТО, зголемување на придонесот на Македонија до зачленувањето, но и по зачленувањето во НАТО.

Есеите ќе ги селектира комисија составена од Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, претставник од Министерството за одбрана и професор од еден од факултетите во Република Македонија. Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација по завршувањето на конкурсот.

Трите најдобро рангирани есеи, заедно со најдобриот есеј од секој факултет, ќе бидат јавно презентирани на настан за кој секој од кандидатите ќе биде дополнително известен.

Правилата за пишување: Есеите може да бидат на македонски или англиски јазик со фонт “Arial”, големина 12, проред единечен. Есеите мора да имаат не помалку од 2 и не повеќе од 3 страни (формат А-4) изработени во MSWord со маргини: лeво 3 cm, горе-3 cm, долу-3 cm и десно-3 cm. Воведот и заклучокот не треба да бидат нагласени посебно како „вовед“ и „заклучок“. Во текот на пишувањето не смее да има точки и потточки на есејот. За македонски јазик, есеите треба да бидат со кирилична поддршка!

Важно (начин на пријавување): Секој од кандидатите во апликациона форма покрај основни податоци треба да прикачи кратка биографија и есеј/пишан текст.

Критериуми за учество (за двете активности):
- возраст: од 19 до 28 години
- државјани на Република Македонија или странски државјани запишани на еден од државните или приватните факултети во Република Македонија
- студенти на додипломски, последипломски и докторски студии или млади со интерес и познавање за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО

ЗАБЕЛЕШКА: Секој кандидат во апликационата форма треба јасно да наведе/означи дали се пријавува само за конкурсот за есеј или пак за двете активности (симулација и есеј). Со самиот есеј, секој може да избере и да се пријави на студентската симулација. Без есеј/пишан текст кандидатот не може да учествува на студентската симулација!

Награди:
Трите најдобро рангирани есеи ќе добијат парични награди (во износ од 9.000 МКД прво награден, 6.000 МКД второ награден и 3.000 МКД трето награден), а исто така ќе влезат во потесен круг за посета на седиштето на НАТО во Брисел која ќе се одржи во септември.
Секој од учесниците ќе добие сертификат за учество.

Рок: Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават најдоцна до 20 април 2015 година (понеделник) преку апликационата форма.

Доколку наидете на технички проблеми или за дополнителни информации слободно контактирајте ја канцеларијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Настанот е поддржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.

АПЛИКАЦИОНА ФОРМА

  • Име и презиме*
  • Возраст*
  • Факултет*
  • E-mail*
  • Телефон*
  • Кратка биографија/CV*
  • Есеј/пишан текст*
  • Се пријавувам за:*
  • Security Code*
  •  

  • полињата со * се задолжителни
 

Публикации

youth empowerment