|
E shtunë, 07 Prill 2012 00:00 |
|
There are no translations available.
На предлог на Атлантскиот Комитет на Италија во март 2011 година ЕАСМ заедно со АТА Италија организира курс за безбедност и меѓународни односи кој се одржи на Универзитетот ФОН во Скопје.
Курсот го спроведува АТА Италија со еминентни експерти, а целна група се офицери од вооружените сили, како и вработени во Министерството за одбрана, внатрешни и надворешни работи на РМ. Теми кои се обработуваа се ЕУ, ООН, НАТО, ОБСЕ и нивните политики, Стратешкиот концепт на НАТО, безбедносната политика и релациите во земјите од Блискиот Исток и Медитеранот, Г-8, Г-20 земјите, тероризмот и човековите права.
Експертската поддршка ја обезбеди АТА Италија, додека организацијата домаќин (ЕАСМ) ги обезбеди учесниците на курсот.
Проектот веќе е реализиран со некои од земјите во регионот, а од 2011 година Атлантскиот Комитет на Италија го прошири и во РМ. |