|
E hanë, 21 Mars 2011 16:24 |
|
There are no translations available.
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) во соработка со Атлантскиот Комитет на Италија и со поддршка на ФОН Универзитетот организира курс со наслов:
„Меѓународни организации и меѓународните односи во 21 век“ кој ќе се одржи во периодот 22-25 март 2011 година.
Курсот има за цел да понуди опсежна и компаративна анализа на клучните меѓународни организации, нивната улога во современата безбедносна средина и глобалните предизвици на меѓународните односи.
Предавачите на курсот се реномирани меѓународни експерти од Италија од областа на политиката, одбраната и безбедноста. Слушатели на курсот се претставници од Министерството за одбрана на Македонија, Армијата на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Македонија и студенти на постдипломски студии при ФОН Универзитетот од Скопје Официјално отворање на курсот е на 22 март 2011 година во 09.30 часот на ФОН Универзитетот во Скопје. На отворањето ќе присуствуваат и претставници на воениот и дипломатски кор во државата.
|