Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Министрите ја реафирмираа посветеноста на операциите
Министрите ја реафирмираа посветеноста на операциите pdf Shtyp Email
E enjte, 06 Tetor 2011 11:49
There are no translations available.

НАТО министрите за одбрана се сретнаа во Брисел денес да ги разгледаат моменталните операции во Либија, во Косово и надвор од Рогот на Африка.
“Нашите операции во Либија, Афганистан и останатите демонстрираат дека НАТО е неопходна Алијанса”, рече Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во почетните забелешки на состанокот.

Министрите заклучиа дека операцијата Унифициран Заштитувач за заштита на цивилите во Либија е огромен успех. Тие ја повториа нивната посветеност да продолжат со мисијата под мандат на Обединетите Нации се додека е потребно и ја изразиа да ја доведат до крај што е можно побрзо. Министрите исто изразија нивната волја да ги подржат новите либиски власти во нивните реформи во одбранбениот и безбедносен сектор, ако биде побарана подршка од Алијансата.

Министрите го истакнаа КФОР како успешна приказна и ја искажаа нивната континурана посветеност кон создавање на безбедна и сигурна средина во Косово. Тие се согласиа дека за време на неодамнешните немири КФОР делуваше грижливо, цврсто и непристрасно и во целосна согласност со мандатот на ООН. Тие истакнаа дека смиреност, умереноста и дијалогот се единствениот правец за сите луѓе на Косово. На предизвикот со пиратството, Министрите ја обновиа нивната посветеност да се справат со оваа закана и да ги обезбедат средства за да се оствари тоа.

 

 

PUBLIKIMET