|
E martë, 24 Janar 2012 12:10 |
|
There are no translations available.
Делегација на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на покана на Секторот за јавна дипломатија на НАТО се во посета на седиштето на НАТО во Брисел, како и на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа.
Во текот на својата посета, членовите на МЕАСМ ќе имаат можност да добијат информации, но и да дискутираат за односите на НАТО со ЕУ и со Русија, како и за операциите на НАТО и приоритетите на Алијансата за Самитот во Чикаго. Посебен акцент во текот на посетата ќе биде ставен на прашањата за интеграцијата на Западен Балкан во НАТО.
Оваа посета е особено значајна за Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија бидејќи е драгоцено искуство за новоформираното раководство на МЕАСМ.
Во текот на посетата, предвидена е и посета на седиштето на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) и нејзината Младина кое се наоѓа во Брисел. Со претставниците на YАТА ќе има можност да се дискутира за идната соработка и можност за заеднички проекти.
|