|
There are no translations available.
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 14.02.2012 година во хотелот Stone Bridge во Скопје ја одржа регионалната конференција:
“UNSCR 1325 цели - степен на достигнување”.
На конференцијата присуствуваа повеќе амбасадори во земјата, воените аташеа, претставници на државните институции, претставници од АРМ, претсетавници од цивилниот сектор, женски организации, студенти и медиумите.
Конференцијата ја отвори претседателот на ЕАСМ г-дин Лазар Еленовски даде краток вовед за проектот на ЕАСМ кој вклучуваше шестмесечно истражување кое резултира со објавување на соодветна публикација за процесот на имплементација на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН на национално и регионално ниво како и во НАТО и ОН.
Како втор панелист на отворањето, говореше г-дин Кјетил Паулсен, Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија кој е еден од поддржувачите на проектот. Амбасадорот Паулсен ја истакна важноста на родовата рамноправност и заедничката кооперација за достигнување на повисоките цивилизациски цели. Воедно, тој го поддржа и отпоздрави организирањето на оваа конференција и поттикна организирање на слични настани во блиска иднина.
Говорот на д-р Стефани Бабст, Заменик на помошник на генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, донесе инспиративна нота и резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 ја оцени како прва резолуција која се однесува на влијанието на конфликтите врз жените, и го потенцираше значењето кое жените мораат да го дадат во зајакнувањето на мирот.
Следниот говорник на оваа панел дискусија беше полковник Милко Чонев, воено аташе од Бугарската амбасада во Република Македонија. Тој говореше во име на заменик министерот за одбрана на Република Бугарија, г-ѓа Августина Цветкова која не можеше да присуства на конференцијата поради временските услови. Тој се осврна на тоа како Република Бугарија ја имплементира резолуцијата 1325. Полковникот Чонев, искажа на предностите на Република Бугарија при имплементирањето на истата, која за таа цел има донесено Национална стратегија за унапредување на родовата еднаквост и Национален план за имплементација на резолуцијата 1325. Тој го акцентираше создавањето на добро организиран систем на обука и образование во Р.Бугарија, кој ќе ги подготвува учесниците во мировните операции за родовите прашања во процесот на подготовка за мисии.
Конференцијата продолжи со вториот панел “Регионален аспект на UNSCR 1325” на кој се обратија следните панелисти:
-
- Г-ѓа Ратела Аслани, Атлантски Совет на Албанија
- Г-ѓа Анкица Томиќ, Шеф на оддел за интернационална соработка, Министерство за безбедност, БиХ
Модератор на овој панел беше г-ѓа Даниела Димитриевска, Mакедонско женско лоби, член на Претседателството на ЕАСМ.
Г-ѓа Ратела Аслани зборуваше за резолуцијата на Советот за безбедност 1325 и нејзината имплементација во Република Албанија. Нејзината презентација се состоеше од пет дела:
-
- Механизми на имплементацијата
- Родова композиција на институциите
- Перцепции и алатки на имплементација
- Успешни примери
- Заклучоци
Вториот панелист, г-ѓа Анкица Томиќ зборуваше за Националниот акционен план и за имплементацијата на резолуцијата на Советот за безбедност 1325 во Република Босна и Херцеговина. Притоа таа истакна дека БиХ беше првата земја во регионот која донесе Национален акционен план во однос на оваа резолуција. Нејзината презентација беше составена од четири дела:
-
- Генерални информации
- Имплементацијата – резултати
- Предизвици и пречки
- Препораки
Модератор на третиот панел “UNSCR1325 во национален контекст” беше господинот Исмет Рамадани, потпретседател на ЕАСМ, кој ја водеше понатамошната дискусија. Прв панелист беше капетан Елисавета Здравеска, претставник од АРМ, министерство за одбрана, која истакна дека потполното вклучување на жената во мировниот процес придонесува за одржување и промоција на меѓународниот мир и безбедност, притоа истакнувајќи дека во досегашните мисии на Република Македонија во Авганистан (ISAF) и Босна и Херцеговина (Altea) имаат учествувано вкупно 120 жени. Понатаму, таа ги објасни целите на мисијата (обезбедување на главната команда на ISAF, патролирање, медицинска поддршка на припадниците на ЕУФОР и НАТО), како и подготовките и обуката што им претходат на тие мисии. Како заклучок, капетан Здравеска ги претстави предностите на резолуцијата UN1325 во спречувањето и решавањето на конфликтите, изградбата на мирот, еднаква партиципација и полно вклучување за одржување и промоција на мирот и безбедноста, како и носењето на одлуки кои се однесуваат на спречување и решавање на конфликтите.
Втор панелист беше г-ѓа Доминика Стојаноска, шеф на канцеларија од UN Women, која за почеток, се осврна на историскиот аспект на резолуцијата UN1325, како и на резолуциите од ОН кои и следеа. Притоа, таа истакна дека за време на кризата во 2001 година во Македонија, само 5% од жените имаат учествувано во целокупниот процес на медијација и донесување на мирот, од кои ниедна немала клучна улога во било која фаза. Меѓу другото, даде повеќе информации во врска со Националниот Акционен план за имплементација на оваа резолуција- односно дека НАП е во фаза на креирање. Како пример за жена во странска мисија, таа ја посочи г-ѓата Јулијана Трајковиќ, претставник од Министерството за внатрешни работи, која е единствена жена од МВР која била испратена на мировна мисија во странство преку Обединетите Нации. Своето излагање г-ѓа Трајковиќ го започна со краток осврт кон правната рамка на МВР во врска со праќањето на мировни контингенти во други земји преку Обединетите Нации, како и на застапеноста на жените во МВР. Како учесник на мисија на Обединетите Нации во Либерија од 2007-2008 година, работела на проектот Educational Support Programme for female candidates in LNP (Националната полиција на Либерија), чија цел е реформирање и реструктуирање, со цел постигнување на 20% застапеност на жени, проект кој завршил со зголемен број на жени кандидати - дел од полициската академија. Притоа ја истакна големата помош и поддршка од претседателката на Либерија, Елен Џонсон Ширлиф, која годинава ја доби и Нобеловата награда за мир, а низ целата мисија се залагала за поголемо учество на жените во полицијата, како и во другите општествени дејности.
По исцрпување на богатата дискусија потпретседателот Рамадани ја затвори конференцијата. |