Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Регионална конференција: “Регионален Пост – ИСАФ ангажман”
Регионална конференција: “Регионален Пост – ИСАФ ангажман” pdf Shtyp Email
E hanë, 10 Dhetor 2012 10:23

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во периодот од 11.13.2012 – 13.12.2012 ќе организира регионална конференција посветена на темата


“Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А – 5 земјите за идните експедициони мисии”

Регионалната конференција ќе се одржува во хотел „Stone Bridge“ во Скопје.

Оваа инспиративна тема ќе спои НАТО и владини претставници, претставници на невладините организации, истражувачи, академски и претставници на тинк – танк организациите и ќе им овозможи да ги споделат своите идеите и погледи на оваа тема. На регионалната конференција ќе учествуваат над 20 учесници меѓу кои од НАТО, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Регионалната конференција е значајна за Регионот и ќе се осврне на различните регионални капацитети способности во полето на пост-конфликтниот ангажман кои државите од Западен Балкан ги имаат и планираат да ги развиваат. Оваа конференција ќе и ги обезбеди на јавноста во регионот потребните информации и ќе потенцира вредност на работата за тоа што е направено. Во исто време, ќе ги обезбеди основните информации за владите и армиите, како и препораки за нивната идна работа во оваа област.

На конференцијата на отворањето што ќе се одржи во хотелот " Stone Bridge '' во Скопје на 12 декември 2012 година, ќе присуствуваат г-дин Фатмир Бесими, Министер за одбрана на Република Македонија, г-дин Николас Вилијамс, НАТО Раководител на сектор за операции и Н.Е. Пол Волерс, амбасадор на САД во Република Македонија.

Проектот е поддржан од НАТО Секторот за Јавна дипломатија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија.

Програма на конференцијата:

 

PUBLIKIMET