Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|ЈАТА Македонија - дел од младинскиот форум во Будва, Црна Гора
ЈАТА Македонија - дел од младинскиот форум во Будва, Црна Гора pdf Shtyp Email
E hanë, 10 Qershor 2013 14:16
There are no translations available.

Од 5 до 8 јуни 2013 година, претседателот на ЈАТА Македонија, г-дин Илија Џугуманов, Генералниот  секретар на Младината на АТА Македонија, г-дин Јордан Тасев, и членот на Претседателството на Младината на АТА, г-дин Христијан Деспотовски присуствуваа на третиот “2BS” форум во Будва, Црна Гора. 2BS Форумот беше организиран од страна на Атлантскиот Совет на Црна Гора.

sirija

Со темите насловени "Како да се стави крај на сирискиот граѓански конфликт и обликот на Новиот Среден Исток" и "Регионална соработка и заедничките безбедносни предизвици" на 6 јуни започна Младинскиот семинар. Ова беше Форум, исполнет со говори на експерти кои дадоа корисни и длабински анализи на прашањата.

Првата седница на 2BS Форумот, што се одржа како дел од Младинскиот Атлантски Семинар, се разви конструктивната дискусија за тековната граѓанската војна во Сирија, и беа донесени забелешки и заклучоци од страна на високиот екселенција г-дин Жан-Даниел Рух, Амбасадорот на Швајцарија во Србија, г-дин Џејсон Вајсмен, програм-менаџер во Атлантската Асоцијација, г-дин Александар Корбеил, постар аналитичар за безбедност на Блискиот Исток од Атлантскиот Совет на Канада и г-дин Емилиано Сторнели, постар истражувач од италијанскиот Атлантски комитет. Модераторот на оваа седница беше г-дин Видак Латковиќ, извршен директор, во политички капитал за Југоисточна Европа.

На вториот панел на младинскиот атлантски Семинар на 2BS Форумот, со наслов “Регионалната соработка и заедничките безбедносни предизвици” говореа г-ѓа Барбора Маронкова, висок претставник  за Западен Балкан од Секторот за јавна дипломатија во Седиштето на НАТО, г-дин Константин Самофалов, пратеник во Народното собрание на Република Србија, г-дин Дан Петре, Генерален директор во романскиот дипломатски институт и г-дин Илија Џугуманов, претседателот на Младината на АТА Македонија.

regional

На оваа сесија сите панелисти се согласија дека безбедносните предизвици се приоритетни и значат многу за иднината на регионот. Понатаму, дискусијата беше продолжена со сегашните ЈИЕ иницијативи и нивната проценка, како и на вкеренетите проблеми како недостигот на доверба, солидарност и приоритетност. Оваа сесија беше модерирана од страна на д-р Тања Мишчевиќ, професор на Факултетот за политички науки во Белград и поранешен државен секретар за одбранбена политика на Министерството за одбрана на Република Србија.

По затворањето на Младинскиот семинар, учесниците се приклучија на ноќната “був” сесија со наслов "Соработка и партнерство меѓу цивилните и воените разузнавачки служби", со кој официјално беше отворен третиот "To be secure" форум.

grupna

 

PUBLIKIMET