|
E mërkurë, 23 Korrik 2014 15:43 |
|
Во периодот од 13 до 18 јули 2014 година, делегација од ЈАТА Македонија учествуваше на летната школа “Успешна балканска приказна – Одржување на регионалната сигурност и подобрување на стабилноста” организирана од страна на Атлантскиот Совет на Босна и Херцеговина во Неум. Евро-Атлантскиот Совет на Македонија беше претставен од г-дин Илија Џугуманов, претседател на Младината на АТА Македонија и потпретседател за комуникација на Младината на АТА, г-дин Христијан Деспотовски, Г-ца Фросина Дониновска и г-дин Филип Цветановски членови на ЈАТА Македонија.

Заедно со претставници на други ЈАТА организации и студенти од повеќе од 15 различни земји учествуваа на панелите и дискусиите на разни теми. Најинтересни беа оние за самитот кој следи во Велс, за нерешените територијални прашања на Балканот, имплементацијата на УН резолуцијата 1325 и иднината на балканските земји. Интересна беше и онаа сесија за иднината на трансатлантските односи и која е улогата на балканските земји во нив, на која своите ставови и резултати од истражување ги презентираше г-дин Џугуманов.
На оваа школа имаше и издвоена дискусија за дилемите со кои се соочуваат балканските змеји по враќањето на странските борци која ја водеше Н.Е. Амбасадорот на Република Турција во Хрватска Бурак Озугергин.

Иако настанот се одржуваше на брегот на Јадранското Море, во Неум, организаторите се покажаа како добри домаќини и овозможија посета на некои локални знаменитости и убавини како што се Стариот мост во Мостар, Почитељ, реката Буна и Текија.
За време на четиридневната школа учесниците беа поделени во пет различни работни групи и по изведеното истражување и дебата усвоија кратки записи за донесените заклучоци и одлуки. Петте теми на работните групи беа: • Насоката и напредокот на родовата еднаквост (Имплементација на УН резолуцијата 1325) во земјите од Западен Балкан • Споделување на одбранбените капацитети во регионот • Вклучување на малцинските групи и дијаспората при промоција на Евро-Атлантската интеграција • Промоција на колективна стратегија за заштита од сајбер напади • Интегрирање на партнерите од Западен Балкан во НАТО
Летната школа заврши со кратка презентација на донесените заклучоци и одлуки од страна на работните групи.

|