|
E premte, 26 Tetor 2018 08:16 |
|
На 25 октомври 2018 година беше организирана уште една практична активност во рамките на "ШКОЛАТА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ".

Овој пат учесниците на школата имаа можност да ја посетат касарната "Илинден" со баталјоните лоцирани во касарната (вклучувајќи го и Полкот за Специјални Операции, Баталјонот на Воената полиција и Баталјонот за врски), да разговараат со офицерите на АРМ, како и да присуствуваат на презентации и да дискутираат на темите.
Презентацијата во Полкот за Специјални Операции обезбеди историски и информативен преглед на полкот, неговата структура, мисија и општи задачи, како и за предизвиците да се биде дел од Специјалните сили.

Покрај тоа, учесниците го посетија Баталјонот на Воената полиција, каде што беа запознаени со неговата улога, одговорности и главни предизвици. Последниот дел од официјалната посета беше фокусиран на Баталјонот за врски, каде учесниците на училиштето беа запознаени со нивната работа и нивната техничка опрема.
 |