Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Фокус групи - 2 дел
Фокус групи - 2 дел pdf Shtyp Email
E martë, 07 Dhetor 2021 13:53

Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија продолжи со проектот „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“ одржувајќи ги последните две фокус групи во рамки на овој проект.

unnamed 1

Како и досега, фокус групите беа составени од по 4 млади луѓе по група. Групите опфатија млади лица од поширокиот спектар на занимања, години и етничка припадност, а тие имаа можност да го искажат своето мислење на неколку теми. Имено, тие беа прашани за перцепцијата што ја имаат спрема пандемијата, лажните вести, употребата на вакцини, довербата во домашните институции итн.

Вредно е да се напомене дека сите имаа свои мислења за темите и сите сретнале лажни вести и дезинформации и покрај возрасната разлика меѓу некои од нив.

Проектот на кој работи Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија е насочен кон младите и негова примарна цел е да го намали неселективниот прием на информации, да створи отпорност кон дезинформации кои се се поприсутни во интернет просторот, а во голема мера настанати за време на пандемијата.

unnamed

Целта на фокус групите беше да се има увид во мислењата на младите лица и за тоа како тие гледаат на овие општествени феномени.

Овој проект инаку е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

 

PUBLIKIMET