ПОСЕТА НА ВИЛА ВОДНО |
E mërkurë, 01 Qershor 2022 08:19 |
Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија воден од огромниот интерес и успех на првите две “НАТО Академии”, но и поттикнат од општиот интерес за младинските проекти и активности од ваков карактер, оваа година ја организира: Третата НАТО Академија 2022: Стабилни партнерства во неизвесни времиња – Северна Македонија во НАТО. Претседателот Пендаровски ги запозна учесниците на академијата со неговите ингеренции, а на средбата се разговараше и за одбраната, безбедноста и за надворешната политика во контекст на нашите европски интеграции. Претседателот се осврна на руската инвазија врз Украина и на безбедноста на евро-атлантскиот регион, реафирмирајќи ја поддршката на Република Северна Македонија за Украина. Според претседателот Пендаровски сојузништвото во НАТО ни овозможува размена на информации и комуникации за современите безбедносни закани, како и навремено реагирање и подготовки за справување со безбедносните предизвици. Благодарение на отвореноста за дискусија на Претседателот Пендаровски, неформалната дискусија траеше повеќе од час и половина. Учесниците на Третата НАТО Академија 2022 за време на посетата на Кабинетот, присуствуваа и во просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и во салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Од вработените беа запознаени и со историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот, како и со начинот на неговото функционирање. Главна цел на Третата НАТО Академија е преку едукација да се засилат реформите и правната рамка во областа на безбедноста и одбраната на долг рок, како и да се креира платформа за едукација, дебата и дискусија. Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија. |