| Рамадани на самитот на НАТО |
|
|
|
| E hanë, 02 Korrik 2018 13:41 |
|
There are no translations available. Претседателот на АТА Македонија, г-дин Исмет Рамадан за време на самитот на НАТО во Брисел ќе учествува и на официјалниот теренски настан, насловен како "НАТО се ангажира: Дијалогот на самитот во Брисел" (“NATO Engages: The Brussels Summit Dialogue”). Настанот е во организација на НАТО, Атлантскиот совет од САД, Германскиот Маршалов фонд на САД (GMF), Минхенската безбедносна конференција (MSC) и Жените во меѓународна безбедност (WIIS). Настанот ќе се одржи од 11 до 12 јули 2018 година, во рамки на безбедносниот периметар на официјалниот Самит на НАТО во Брисел и ќе обедини над 300 претставници од висок профил и разни претставници од владата, приватниот сектор, медиумите, академијата и граѓанското општество за да разговара за предизвиците и неизвесностите на денешницата и иднината. Настанот е традиционален и од огромна важност во насока на претставување на нашата земја во овие важни моменти. Г-дин Рамадани како надворешен советник на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, ќе има официјални средби со високи претставници каде ќе лобира за нашата земја. |























