Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Улогата на Хеликоптерската единица за полициски намени во безбедносниот систем на Република Македонија
Улогата на Хеликоптерската единица за полициски намени во безбедносниот систем на Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Април 2013 13:38

Со оглед на големото значење што го има Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи при креирањето на безбедносната политика и зачувувањето на стабилна безбедносна состојба во Република Македонија, претставници од младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија – ЈАТА Македонија, учествуваа на предавањето на тема “Улогата на Хеликоптерската единица за полициски намени во безбедносниот систем на Република Македонија”.

x2

Предавањето се одржа на 25.04.2013 година со почеток во 12:00 часот, во Центарот за обука – Идризово, а беше организирано од страна на Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир, во соработка со Одделот за воздухопловни единици, Хеликоптерската единица за полициски намени “Јастреби”.

x1

Покрај претставниците на ЈАТА Македонија, на предавањето присуствуваа студенти и соработници од Факултетот за безбедност – Скопје иВоената академија “Генерал Михаило Апостолски”.

x3

По воведните поздравни обраќања, свои излагања и презентации имаа експерти од летачкиот и техничкиот кадар од Хеликоптерската единица за полициски намени, при што во своето стручно излагање ги опфатија следниве теми:

-Историјат и формирање на Хеликоптерската единица;
-Организациската поставеност на Хеликоптерската единица за полициски намени во Министерството за внатрешни работи;
-Употреба на полициските воздухоплови;
-Значењето на Хеликоптерската единица за зголемување на ефикасноста во полициското работење и некои акции во кои била вклучена;

Повеќе за историјатот, формирањето, организациската поставеност, употребата и многу повеќе за Хеликоптерската единица, на следниот линк.

x4

 

Публикации

3natosim