Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|НАТО АКАДЕМИЈА 2020 - Сајбер безбедноста како глобален проблем – различни аспекти“ и учество на 66-тата сесија на НАТО Парламентарното Собрание
НАТО АКАДЕМИЈА 2020 - Сајбер безбедноста како глобален проблем – различни аспекти“ и учество на 66-тата сесија на НАТО Парламентарното Собрание pdf Shtyp Email
E premte, 20 Nandor 2020 18:20

galleryview1

Предавањето на НАТО Академијата 2020 на тема „ Сајбер безбедноста како глобален проблем – различни аспекти“ со:
- Др. Методи Хаџи – Јанев, Вонреден Професор по право на Воената Академија – Скопје и на Државниот Универзитет во Аризона во Соединетите Американски Држави во склоп на Центарот за Управување со Вонредни Околности и Домашна Безбедност и Потпретседател на АТА Македонија;
- Полк. Митко Богданоски, Заменик Декан на Воената Академија “Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје; соработник на Универзитетот Гоце Делчев и
- г-ѓа Љубица Пендаровска, Претседател и Координатор на Национално Поглавје, Women4Cyber; Експерт за заштита на податоци и етика во RePAST Horizon2020.

Dr. Metodi Hadji - Janev

По отварањето на предавањето од страна на г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА Македонија, обраќање имаше Др. Хаџи – Јанев кој што потенцираше дека сајбер просторот го менува светот за добро, но и за лошо и дека сајбер предизвиците се распространети од закани по личноста до закни по националната безбедност. Тој изјави: “…технолошкиот напредок е императив, и затоа е потребно соодветно водство и лидерство, а најдобар начин да се најде баланас помеѓу заканите и предностите е да се гради сајбер резилиентно/еластично општество. За тоа е потребно зголемување на медиумската но и информациската писменост кај младите. Во овие напори треба да се вклучи јавниот, но и приватниот сектор, локалните власти и семејставата. Буквално сите!“, посочи г-дин Методи Хаџи – Јанев.

Polk. Mitko Bogdanoski1

Следниот предавач на Академијата беше Полк. Митко Богданоски кој што се осврна на денешната зависност од електронските уреди и опасноста од сајбер напади кои што според него се најверојатни денес но и кои најмногу може да му наштетат на општеството. Полковникот во оваа прилика напомена и дека Кина и Русија сакаат да покажат дека не само што можат да се справат со таквите сајбер напади, туку дека имаат капацитети и да спроведат такви напади, за разлика од САД кои не го користат сајбер просторот во овие цели.

Polk. Mitko Bogdanoski2

Тој исто така им објасни на учесниците како технологијата го измени и сеуште го менува и проширува военото поле и го наведе сајбер просторот како петта димензија. Полк. Богданоски во своето излагање посвети внимание и на нано-технологијата, роботиката и вештачката интелигенција како можни безбедносни закани доколку се злоупотребат.

Ljubica Pendarovska

г-ѓа Љубица Пендаровска, која од неодамна е Претседател и Координатор на Национално Поглавје на новоформираната Women4Cyber го искористи предавањето официјално да ја промовира оваа иницијатива која е дел од Европската Организација за Сајбер Безбедност креирана од страна на ЕУ со цел да идентифицира и изгради регистар на жени професионалци во областа на сајбер безбедноста, но и да го пополни родовиот јаз во оваа клучна област. Г-ѓа Пендаровска ги поттикна учесничките на оваа НАТО Академија да се едуцираат и посветат на темата сајбер безбедност и да се вклучат во слични иницијативи, нагласувајќи ја инклузивноста на понежниот пол во овие теми како клучна за успешна борба против сајбер нападите.

По завршувањето на денешното предавање, учесниците на Академијата, заедно со претставници од ЈАТА Македонија имаа можност да присуствуваат во онлајн дисусија со Претседателот на НАТО Парламентарното Собрание, г-дин Атила Местерхази. Оваа дискусија со следната генерација на евро – атлантски лидери беше фокусирана на главните проблеми со кои се соочува Алијансата денеска, но и во иднина како што се: иднината на трансатлантските односи; еволуцијата на стратешкиот натпревар со Русија и неговото влијание врз клучни партнери како што се Украина и Грузија и импликациите од растот на Кина. Дискусијата беше оддржана на маргините на тридневното заседание на 66-тото НАТО Парламентарното Собрание коешто годинава се оддржа онлајн во периодот од 18ти до 23ти ноември. На сесијата учествуваа 269 пратеници од 30 НАТО земји членки и парламентарни тела, каде што воведно обраќање имаше и Генералниот Секретар на НАТО, г-дин Јенс Столтенберг.

galleryview2

По завршувањето на предавањата, учесниците покажаа особен интерес за оваа тема и поставија десетина прашања до говорниците, по што следеше дискусија.

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

 

PUBLIKIMET

3natosim