| “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” | 
		 		 | 
		
				
		 		 | 
		
				
		 		 | 
					
| E enjte, 21 Mars 2013 13:25 | 
| 
 “НАТО Недела – Обезбеди ја иднината“ е проект што претставува концепт и  резиме на неколку активности и настани што имаат една заедничка цел – да  се одбележи 4. април, денот кога се прославува договорот од Вашингтон. НАТО неделата ќе се обележи од 28 март до 5 април 2013 година со голем број на различни активности, во кои учество ќе имаат млади луѓе, експерти, политичари, бизнисмени и амбасадорската фела во Република Македонија. Проектот ќе биде имплементира низ неколку различни активности: 28 март 2013 – четврток НАТО студентска симулација и промоција на Социјалната мрежа за безбедност Овој уникатен настан, НАТО студентската симулација ќе биде организирана по четврти пат во Република Македонија и овојпат ќе биде платформа за промоција на првата социјална мрежа за безбедност во Република Македонија. 02 април 2013 – вторник Донациска активност и еднодневно предавање на тема “НАТО и меѓународното хуманитарно право” Во соработка со Црвениот Крст на Македонија, ЕАСМ и МЕАСМ ќе ги имплементираат овие активности кои ќе ја покажат хуманоста на македонските студенти и ќе им понудат основен тренинг на студентите на полето на меѓународното хуманитарно право. 03 април 2013 – среда Еднодневна конференција “Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата на Република Македонија” За првпат во соработка со Стопанската комора на Македонија и факултетот за безбедност – Скопје, ќе ја истражиме темата преку конференција со сеопфатен пристап. 
 04 април 2013 – четврток Прес конференција на ЕАСМ, МО и амбасадата на Република Турција во Република Македонија (НАТО контакт амбасада) Прес конференцијата ќе биде оддржана на денот на потпишувањето на Вашингтонскиот договор и ќе испрати силен сигнал за посветеноста кон евро – атлантските интеграции на државата. 
 05 април 2013 – петок Еднодневно предавање за “НАТО и партнерите: формирање на идната врска” Ова предавање ќе биде со академски акцент. Наменето е за студентите и ќе им обезбеди знаење за идните активности на НАТО. Целта на проектот “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” ја претставува потребата од запознавање на младите луѓе со НАТО, кои се целите и улогата на НАТО во креирањето на светската безбедност, но исто така и значењето на НАТО за безбедноста во Република Македонија. 
 Формулар за пријавивање на настан 
  | 
							




















