| ГЛОБСЕК ФОРУМ 2021 |
|
|
|
| Петок, 18 Јуни 2021 07:53 |
|
Н.Е. Зузана Шапутова, Претседател на Словачка го отвори годинешниот Форум и ја истакна потребата од стратешки разговори за длабоки промени. Неговата Светост Папата Франциск им се обрати на учесниците и ги поздрави важните дебати за подобро обновување на светот, а исто така ја истакна и итноста за справување со економски, еколошки и политички прашања. Претседателот на Република Полска, Н.Е. Анджеј Дуда рече дека се надева дека наскоро ќе заврши пандемијата и дека идните генерации ќе можат да спречат ваква криза да се случи во иднина. Последното обраќање на официјалното отварање на Форумот ги презентираше Претседателот на Република Хрватска, Н.Е. Зоран Милановиќ. Панелите на првиот ден од Форумот опфатија клучни теми како што се: Глобална Трговија како Клуч за Закрепнување на Економијата, Трансатлантски Односи меѓу САД и ЕУ, Ново Време на Пандемија, Конкуренција на Моќ, Иднина на Одбраната, Дефинирање на Отпорна Европа и Демократија во Дигиталниот Простор. На списокот на говорници се најдоа истакнати имиња како што се: Вилхелм Молтерер, Сузан Данџер, Марко Кадез, Карл Билд, Јан Хаварнек, Н.Е. Едуард Хегер, Н.Е. Карл Хавличек, Н.Е. Себастијан Курц и многу други. На вториот ден се дискутираше за: Позиционирањето на ЕУ како Глобален Актер, Научени Лекции од Пандемијата, Стратешка Автономија Наспроти Глобална Набавка, Геополитичка Европа на Крстосница, Биг-Тех, Климатски Промени и Глобална Безбедност, Вештачка Интелигенција, Политички Екстремизам, Дигитална Економија во ЦЕЕ, Новата Трансатлантска Агенда и Враќање на Довербата во Политиката и Граѓанското Општество. Некои од панелистите на овој втор ден беа Н.Е. Иван Корчок, Марина Серени, Н.Е. Александар Шаленберг, Мартин Клус, Моника Холмаер, Н.Е. Анже Логар, Н.Е. Гордан Грлиќ - Радман, Мирослав Лајчак, Н.Е. Бујар Османи, Матуш Вало, Н.Е. Вероника Ремисова, Н.Е. Јакуб Кулханек, Генерал Џон Ален, Ричард Вајк и Франсис Фукујама. Последниот ден на ГЛОБСЕК Форумот 2021 започна со сесија на тема ЕУ и НАТО во Пост - пандемичен Свет, проследена со теми како Сајбер безбедност, 5Г иднина, Регенерирачки Демократии, Глобална Демократска Агенда и НАТО 2030 со Дејмон Вилсон, Колинда Грабар - Китаровиќ, Амб . Баиба Бразе, Н.Е. Радмила Шеќеринска и Роберт Вас, меѓу другите. Делегацијата на АТА Северна Македонија имаше единствена можност да учествува на бројни отворени и затворени сесии и состаноци, како и да разговара со некои од најважните политички фигури во регионот и пошироко. Во текот на овие три дена тие присуствуваа на повеќе од 30 сесии, 6 придружни настани и имаа состаноци со официјални претставници како г-дин Мирослав Лајчак, Специјален Претставник на ЕУ за Белград - Приштина Дијалогот и Западен Балкан, г-дин Владимир Билчик и г-ѓа Жељана Зовко, членови на парламентот на ЕУ и исто така со Н.Е. Бујар Османи, Министер за Надворешни Работи на Северна Македонија. Г-дин Џугуманов го искористи престојот во Братислава да ја посети канцеларијата на Вишеградскиот Фонд, како и Министерството за Надворешни и Европски Работи на Република Словачка со цел лобирање за идни можности и проекти на Евро - Атлантскиот Совет, но и промоција на Република Северна Македонија. Овој настан обедини повеќе од стотина говорници од највисоки профили и повеќе од илјада учесници кои од светот. Форумот ГЛОБСЕК традиционално се одржува во Братислава и е една од петте најеминентни безбедносни конференции во светот. Повеќе информации за овој настан на www.globsec.org
|

























