Вести:
You are here: Почетна|Архива|Балкан Мозаик|Што е Балкан Мозаик|Форум за безбедност на Централна и Југоисточна Европа – Балкан Мозаик
Форум за безбедност на Централна и Југоисточна Европа – Балкан Мозаик PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 Август 2010 00:00

Балкан Мозаик беше основан во декември 2004 година на иницијатива на генералниот секретар на АТA Троелс Фролинг и служеше како регионална мрежа за заедничка безбедност која создава платформа за развивање на нов дијалог за безбедносните концепти од учесниците од регионот чие поврзување се засноваше на коалицијата 2+3+2+1 при што сопствените приоритети се поставуваа во однос на развојот на настаните во регионот: Бугарија и Романија како земји членки на НАТО, Албанија, Македонија и Хрватска како МАР земји, Босна и Херцеговина, и  Србија и Црна Гора како ПзМ земји и УНМИК Косово без статус.

Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа  создаде мрежа за заедничка безбедност преку создавање на платформа за развивање на дијалог и безбедносни концепти преку јавна дебата и учество на следниве начини:
1.    Изменето разбирање на безбедносната средина во Централна и Југоисточна Европа кое се заснова на новите предизвици за безебдност, новиот развој во поглед на НАТО проширувањето и новиот концепт на регионализам и трансатлантски дијалог.
2.    Јавна одговорност за цивилното и военото лидерство што се базира на концепт кој вклучува интермедијарност и вклучува нови групи во динамичките концепти за безбедносното опкружување и модернизација на воените концепти.  
3.    Зајакнати партнерства на цивилно општество кои се засноваат на цврсто јавно мислење и низ Централна и Југоисточна Европа и кое се реализира преку регионален дијалог,  програми за мрежи, како и отворени добрососедски односи
4.    Развиени систематски институтционални врски, зајакнати НАТО врски и систематско регионално лобирање

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија беше еден од тројцата координатори на Балкан Мозаик и беше одговорен за издавање на Билтенот – Balkan Mosaic и создавањето на Мрежата на млади лидери.

 

Моделот на оваа мрежа е модел на концентрични кругови каде основачите на Форумот имаат за обврска да обезбедат пошироко учество на цивилното општество, институтите за истражувања, медиумите и владини институции.
Мрежата покрај тоа што ќе се занимава со прашањата за цивилните и воените прашања, ќе биде вклучена во надминување на пречките со кои се соочува регионот во клучните области на меѓуетничките односи, прекугранична соработка, лична и општествена безбедност, организиран криминал. Такви иницијативи за „soft” безбедност се сметаат за основа на отворена и вистинска јавна дебата и информирана јавност за новите предизвици за демократијата и безбедноста во регионот на Централна и Југоисточна Европа.

 

Публикации