|
Среда, 10 Ноември 2021 13:34 |
|

Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, работи на нов проект насловен: „ Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија. “
Состојбата предизвикана од Ковид – 19 пандемијата ја покажа ранливоста на државата кон огромниот број (дез)информации, кои граѓаните ги консумираат без подлабоко размислување и нивна евалуација. Оваа ситуација претставува сериозна закана за демократијата, правниот и политичкиот поредок, како и за капацитетите на властите и институциите ефикасно да се справат со кризи како што е пандемијата.
Овој проект е ориентиран кон младите и негова примарна цел е да го намали неселективниот прием на дезинформации, кои се се поприсутни во новата реалност во Северна Македонија, во голема мера како нуспроизвод на пандемијата Ковид-19, како и да изгради долгорочна отпорност на општеството преку едукација и информативни алатки и техники.
Проектот активно ќе ги вклучи младите луѓе преку интегрирани алатки и мултимодални содржини, како и други актери (како што се медиумите и јавните институции) одговорни за борба против дезинформациите со цел да се подигне свеста, да се истражат ставовите во врска со ова прашање и да стимулира активно општествено однесување и ангажман на сите релевантни актери преку соработка и вмрежување.
|