Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЕАСМ со курс за меѓународните организации и меѓународните односи во 21 век
ЕАСМ со курс за меѓународните организации и меѓународните односи во 21 век PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 Март 2011 16:24

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) во соработка со Атлантскиот Комитет на Италија и со поддршка на ФОН Универзитетот организира курс со наслов:

„Меѓународни организации и меѓународните односи во 21 век“ кој ќе се одржи во периодот 22-25 март 2011 година.

Курсот  има за цел да понуди опсежна и компаративна анализа на клучните меѓународни организации, нивната улога во современата безбедносна средина и глобалните предизвици на меѓународните односи.

Предавачите на курсот се реномирани меѓународни експерти од Италија од областа на политиката, одбраната и безбедноста. Слушатели на курсот се претставници од Министерството за одбрана на Македонија, Армијата на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Македонија и студенти на постдипломски студии при  ФОН Универзитетот од Скопје
Официјално отворање на курсот е на 22 март 2011 година во 09.30 часот на ФОН Универзитетот во Скопје. На отворањето ќе присуствуваат и претставници на  воениот и дипломатски кор во државата.

 

Публикации