|
Среда, 05 Октомври 2011 13:33 |
|
НАТО министрите за одбрана се сретнаа на 5 и 6 Октомври во Брисел со цел да ги разгледаат тековните операции и да ги дискутираат начините да се продолжи со агендата на НАТО Паметна Одбрана.
Министрите ќе ги преземат акциите на операција на Алијансата во Либија во контекст на подготвеноста на НАТО да продолжи со работата за колку што е потребно со цел да се исполни мандатот на ООН, да се заштити цивилното население.
Министрите исто така ќе одржат состаноци со партнерите кои придонесуваат во операциите на Алијансата во Косово и во Авганистан. За Авганистан министрите ќе го дискутираат напредокот и транзициониот процес на предавање на одговорноста за безбедноста на Авганистанските сили.
“Операцијата Унифициран Заштитувач направи тоа што рековме дека ќе го направи. Ние ја задржавме нашата посветеност на ООН, на регионот и на народот на Либија”. “Ние исто така ќе се сретниме со нашите ИСАФ партнери да го дискутираме напредокот во Авганистан, затоа што има значителен напредок од нашиот последен состанок”.“Транзицијата е целосно на вистинскиот правез и ние нема да дозволиме бунтовниците да ја попречат”рече Генералниот Секретар.
Паметна Одбрана е градење на безбедност за помалку пари со заедничко работење и станувајќи пофлексибилен. Ова бара идентификување на тие зони во кои НАТО сојузниците потребно е да продолжат со инвестиции. Сојузниците исто така ќе ги диксутираат ресурситеи способностите против позадината на финансиските ограничувања и да се разгледа како да се добијат и одржат клучните способности сп приориотизирање, специјализирање и барање на мултинационални решениа.
“Што се однесува до Паметна Одбрана на состанокот на Министрите за Одбрана ние ќе дискутираме извештај од нашата Сојузничката Команда за Трансформација. Ние нема да направиме конкретни одлуки на конкретни проекти на овој состанок но ќе се осигураме дека работата ќе може да продолжи со поглед на самитот во Чикаго во Мај”.“Јас мислам дека економската реалност ќе ја движи оваа агенда напред затоа што во иднина едноставно нема да биде можно од економска гледна точка сите наши сојузници да имаат воени средства на нивно располагање. Единствениот начин напред е да соработуваме и да се специјализираме” рече Генералниот секретар.
|