| Прес конференција по повод 4. април – денот на НАТО |
|
|
|
| Среда, 04 Април 2012 15:12 |
|
На 4-ти април 2012 година во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со амбасадата на Кралството Холандија и НАТО контакт амбасада во Република Македонија одржа прес конференција по повод денот на НАТО и 63 години од основањето на НАТО.
На прес – конференцијата стана збор за сериозните трансформациите кои НАТО од основањето на во 1949 година до денес ги претрпе следејќи ги глобалните промени, а Северноатлансткиот договор со кој беше воспоставен е исто толку релевантен денес како и тогаш и за актуелните предизвици на НАТО, вклучувајќи го и претстојниот Самит во Чикаго. Претседателот на ЕАСМ, Лазар Еленовски ги истакна приоритетите на НАТО за претстојниот Самит во Чикаго:
Тој исто така ги истакна и заклучоците од минатите самити и фактот дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за влез и дека единствената пречка е спорот со јужниот сосед. Тој исто така истакна дека на Република Македонија не и’ потребен Самит за да стане членка на НАТО. „Со наоѓање на одредено компромисно решение со Грција, Македонија ќе ја добие поканата веднаш. Нема потреба од некаква тензија. Во поглед на одлуката мислам дека принципот на консензус е основен, има многу големи прашања кои се одлучуваат. Знаеме дека на последните три самити алијансата покажа дека Македонија ги исполнува сите критериуми, но останува прашањето со нашиот јужен сосед кое што треба да се реши во Обединетите Нации. Во Њујорк се уште немаме никакво решение, одлуката во Хаг е легитимна судска одлука, но за жал станува збор за политички проблем. Таа има влијание, но сите сме свесни за политичката и економска криза со која се соочува другата страна која оневозможува сериозни преговори“, рече Еленовски. Амбасадорката на Кралството Холандија Мариет Шурман повторно го истакна моментот дека на Македонија не и треба Самит за членство и ја коментираше и пресудата во Хаг, таа рече: “На Македонија не и’ треба самит за да стане членка на НАТО. Важат одлуките од Букурешт и од Лисабон дека Македонија има отворена покана за Алијасната штом се изнајде заемно решение за билатералниот спор меѓу двата соседа. Одлуката на МСП од Хаг е одлука за однесувањето на двете страни во однос на Времената спогодба, а не за одлуката на НАТО која се носи со консензус. Но, тоа е одлука и ние сме задоволни што Владата на Македонија ја интерпретира како поттик за да ги заживее разговорите со својот сосед за изнаоѓање решение за името што ќе дозволи интеграција на земјата во НАТО и ЕУ што ние сите го посакуваме” Прес конференцијата се одржа на 4-ти април 2012 година (среда) во хотелот Stone Bridge во Скопје.
|






















