Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Одржлив одговор на непогоди – развивање на регионални капацитети
Одржлив одговор на непогоди – развивање на регионални капацитети PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 Јуни 2012 14:43

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во периодот од 28.6.2012 – 1.7.2012 во партнерство со Атлантскиот Совет на Албанија ќе организира научно-истражувачка работилница посветена на темата

“Одржлив одговор на непогоди – развивање на регионални капацитети“ (Sustained Emergency ReliefRegionally Developed Capacities). Научната конференција ќе се одржува во хотел „Дрим“ во Струга.

На научната конференција ќе учествуваат над 40 учесници меѓу кои од НАТО, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Турција кои се претставници на државни институции, универзитетски професори и независни експерти од полето на кризниот менаџмент.

Научната истражувачка работилница е значајна за Регионот и ќе се осврне на различните регионални капацитети во полето на кризниот менаџмент кои државите од Западен Балкан ги имаат и планираат да ги развиваат. Научната работилница, исто така, ќе биде добра можност, како за новите, така и за идните земји членки на Алијансата да ги разменат националните погледи во врска со развојот на капацитети за помош во итни ситуации во процесот на нивната интеграција во НАТО. Имајќи ги во предвид ограничените национални ресурси и буџетските предизвици, работилницата може да послужи и како платформа која може да потикне заеднички пристап на земјите од Регионот кои може да ги здружат силите и ресурсите со цел да се изградат поефикасни капацитети за кризен менаџмент.

На отварањето на научната конференција која ќе се оддржи на 29.6.2012 во 9 часот во Конференциската сала во хотел Дрим ќе учествуваат министрите за одбрана на Република Македонија и Република Албанија, Фатмир БЕСИМИ и Арбен ИМАМИ.

Проектот е поддржан од програмата на НАТО „Безбедност преку наука“ (Security through science) која поддржува проекти на земји членки и земји партнери на НАТО за научни цели кои се во служба на безбедноста.

ЕВРО – АТЛАНТСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

 

Публикации