Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести| Свечено отворање на Напредната истражувачка работилница во Струга
Свечено отворање на Напредната истражувачка работилница во Струга PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 Јуни 2012 10:18

Официјалната церемонија на Напредната истражувачка работилница:'' Одржливо справување со кризи- Регионално развиени капацитети'' се одржа на 29 јуни 2012 година Хотел Дрим'''' во Струга, Македонија.



Научно- истражувачката работилница, на која присуствуваат повеќе од 40 претставници и експерти од воениот и граѓанскиот сектор, беше отворена од страна на Претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Лазар Еленовски, кој ја истакна важноста на развивање на регионалните капацитети, со цел подобра соработка во управување со кризи. Свое обраќање имаше и Заменик-Министерот за одбрана на Република Албанија и претседател на Атлантскиот Совет на Албанија, г-дин Аријан Старова, кој се фокусираше на идејата за регионално здружување кон подготовка за идните кризни ситуации и ефикасен пристап во справување со истите.

Полковник Љубе Дукоски, Државен Советник за одбранбена политика и планирање го прочита говорт во име на Министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Фатмир Бесими. Во име на Заменик асистентот на Генералниот Секретар на НАТО за Планирање при Одделот за операции, Амбасадор Франческа Тардиоли, говорот го прочита г-дин Еверт Г.Џ. Сомер, Проектен координатор за Програмите за соработка на НАТО за цивилни вонредни состојби и планирање.

По говорите сите учесници направија групна фотографија.

 

Публикации