Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Првиот ден на напредната истражувачка работилница заврши
Првиот ден на напредната истражувачка работилница заврши PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 Јуни 2012 21:10

Напредната истражувачка работилница: „Одржливо справување со кризи- Регионални Развиени Капацитети“, организирана од Евро- Атлантскиот Совет на Македонија и Атантскиот Совет на Албанија, успешно го заврши својот прв ден панел- сесии, собирајќи повеќе од 40 учесници, со говорници од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Косово.

Работилницата, која утрово имаше официјална церемонија на отворање, продолжи со 3 сесии на темата: Капацитети за справување со кризи- Национални предизвици и перспективи.

Работилницата, на која учествуваат претставници од релевантни институции и експерти од цивилниот и воениот сектор, беше исто  така посетена од медиумите.

Утре сесиите продолжуваат на темата: Развој на регионални капацитети за справување со кризи во духот на Smart Defence иницијативата, каде ќе бидат донесени и финалните заклучоци од работилницата. 

 

Публикации