|
Понеделник, 28 Јануари 2013 15:13 |
|
На 28 Јануари 2013 година делегација на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија предводена од потпретседателот, г-дин Исмет Рамадани се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, д-р Фабио Кристијани.

На самиот почеток на средбата, г-дин Рамадани ја истакна претходно продуктивната соработка помеѓу ЕАСМ и амбасадата на Република Италија и изрази уверување за идна успешна соработка.
На средбата, г-дин Рамадани и г-дин Џугуманов ги претставиjа годишниот извештај за 2012 година и активностите за 2013 година на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија. Дискусијата беше најмногу за идните цели и улогата на Евро-Атлантски Совет на Македонија.
Д-р Фабио Кристијани ja истакна важноста на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија, од нејзината внатрешна мулти етничка структура до сите важни активности кои беа спроведени. Исто така, тој ја истакна важноста на покривањето на специфичната стратешка област за Република Македонија како што е евро-атлантската интеграција и промоција на евро - атлантските идеи и вредности во општеството. Исто така тој изрази активна поддршка и учество на италијанската амбасада во активностите на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија.
Потпретседателот Рамадани на средбата беше придружуван од двајца членови на ЕАСМ, Г-дин Илија Џугуманов и г-дин Јордан Тасев.
|