Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|4та НАТО Студентска Симулација – Повик за учество
4та НАТО Студентска Симулација – Повик за учество PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 Март 2013 00:00

Имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настаните од ваков карактер во државата се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија по четврти пат организира студентска симулација на тема:

НАТО и партнер земјите - идни предизвици и што понатаму?!

(NATO and partner countries - future challenges and what to expect ?!).

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледува прашањето за соработката со партнер земјите и идните предизвици. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на соработката на НАТО Алијансата со земјите партнери.

Критериуми: Учесници на симулацијата потребно е да бидат студенти на додипломски или последипломски студии со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО. Симулацијата претставува интерактивен настан и за него студентите потребно е да се соодветно подготвени за прашањата за НАТО, безбедноста како и за национални прашања поврзани со земјите членки на НАТО и партнерите.

Материјали за подготовка на кандидатите како и насоки за работа ќе бидат дадени од страна на претставници на Евро-Атлантски Совет на Македонија на инфо брифингот кој ќе се одржи на 21 март 2013 година.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 19 март 2013 година до 16:00 часот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и во прилог да достават кратка биографија и писмо на мотивација, не подолго од 500 збора. Поради ограничените капацитети на симулацијата пријавите ќе ги прифаќаме континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“. За дополнителни информации слободно обратете се во канцеларијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 02/316 22 21 или пак на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Настанот ќе се одржи на 28 март 2013 година (четврток) во ЕРА Центарот на Скопски Саем.

Настанот е поддржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија

 

Публикации