| АТА МАКЕДОНИЈА НА 2BS FORUM ВО БУДВА |
|
|
|
| Петок, 26 Мај 2017 09:51 |
|
Во периодот од 11-ти до 13-ти мај 2017, делагација од АТА/ЈАТА Македонија учествуваше на седмиот 2BS Forum оддржан во Будва, Црна Гора, под наслов “Предизвиците на променливата политика и променливи и непредвидливи алијанси“. На форумот присуствуваа повеќе од 300 високи претставници, проминентни професори, експерти од областа на безбедносната политика, новинари и млади луѓе од целиот свет. 2BS форумот е годишна конференција на која се дискутираат глобални и трансатлантски прашања, како и прашања од интерес за Југо-Источна Европа. Организатор на 2BS форумот е Атлантскот совет на Црна Гора под покровителство на Владата на Црна Гора, додека традиционални партнери на форумот се НАТО и американската Амбасада во Подгорица. На овогодинешниот форум учествуваа бројни проминентни гости и говорници како министри и амбасадори од регионот, помеѓу другите, Н.Е. г-дин Игор Црндак, Министер за надворешни работи, Босна и Херцеговина, г-дин Драган Сормаз, Шеф на Делегација, Србија во НАТО Парламентарното Собрание, г-дин Хојт Б. Ји, заменик-помошник на државниот секретар за Европски и Евроазиски прашања, Н.Е. г-дин Душко Марковиќ, Премиер Влада на Црна Гора, Н.Е. проф. Срѓан Дармановиќ, Министер за надворешни работи, Црна Гора, г-дин Џејмс Апатураи, заменик-помошник на генералниот секретар за политички прашања и безбедносна политика, НАТО, Н.Е. г-дин Предраг Бошковиќ, Министер за одбрана, Црна Гора, Н.Е. г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, Претседател, Хрватска, Н.Е. г-дин Филип Вујановиќ, Претседател, Црна Гора, Н.Е г-дин Борут Пахор, Претседател, Словенија и многу други. |





















