| Завршна Конференција - Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки |
|
|
|
| Среда, 20 Ноември 2019 14:10 |
|
По повод завршувањето на проектот, насловен “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки”, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија организираше Завршна Конференција со која ги презентираше резултатите од шестмесечното истражување, го покрена прашањата за младинско учество и разви дискусија за предизвиците и бариерите кои влијаат врз младинскиот ангажман. Главни говорници на официјално отварање беа Г. Исмет РАМАДАНИ, Претседател на АТА Македонија; H.E. г. Стево ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија; Др. Арбр АДЕМИ, Министер за Oбразование на Република Северна Македонија; и Г. Соломон ПАСИ, Почесен Претседател на Атлантскиот Клуб на Бугарија. Г. Исмет РАМАДАНИ, Претседател на АТА Македонија, истакна дека овој проект е важен пример за заедничките напори на Република Северна Македонија и Република Бугарија да придонесат за унапредување на демократијата во двете држави, но и можност да стекнеме искуство и разбирање на придобивките од членството на Република Бугарија во НАТО и во ЕУ, преку успехот на бугарскиот пример. Тој испрати порака до амбасадите со седиште во Северна Македонија да продолжат со нивната поддршка, бидејќи немаме друга алтернатива надвор од НАТО и ЕУ. H.E. Г. Стево ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија, во своето обраќање истакна дека без создавање механизми за младинско учество во процесот на донесување на одлуки, како и без нивно охрабрување за активно учество, не можеме да очекуваме напредок и просперитет на нашата држава. Н.Е. Г. Пендаровски додаде дека наша обврска да обезбедиме далеку подобри услови и перспективи за младите во Република Северна Македонија истакнувајќи дека “без да се слушне нивниот глас, без нивно квалитетно учество, без успешни младински политики тоа ќе биде невозможно”. Др. Арбр АДЕМИ, Министер за Oбразование на Република Северна Македонија, посочи дека младите мора да бидат вклучени во одлуките што ги засегаат и дека е потребен континуиран фокус кон нивните потреби. Тој додаде дека образованието е еден од факторите од кои најмногу зависи капацитетот на секоја држава. Г. Соломон ПАСИ, Почесен Претседател на Атлантскиот Клуб на Бугарија, истакна дека кога Република Северна Македонија ќе биде во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача. На панел дискусијата свое обраќање имаа Г. Илија ЏУГУМАНОВ, Проект Директор и член на Претседателство на АТА Македонија; H.E. Ангел АНГЕЛОВ, Aмбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија; Г. Дарко КАЕВСКИ, Директор на Агенција за млади и спорт; Г. Ризван СУЛЕЈМАНИ, Универзитетски Професор; и Г-ѓа Марија ЈАНКУЛОСКА, Координатор за истражување при Евро – Атлантски Совет на Македонија. Г. Илија ЏУГУМАНОВ, Проект Директор и член на Претседателство на АТА Македонија, кој воедно беше и модератор на панел сесијата, ги објасни целите и активностите на проектот. Тој испрати порака до креаторите на политики и до сите одговорни актери дека треба да инвестираме повеќе во граѓанското образование, да најдеме посоодветни форми на споделување информации и да создадеме стратегија за градење на вештини за идните перспективи на младите. H.E. Ангел АНГЕЛОВ, Aмбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, во својот говор ги пофали напорите за придонес во Евро-Атлантските интеграции и заложбите за интегрирање на младите луѓе во тие процеси. Г. Дарко КАЕВСКИ, Директор на Агенција за млади и спорт, ги образложи напорите за на Агенцијата за Млади и Спорт во однос на младинските политики, новиот закон за млади кој е во процес на донесување и како истиот ги регулира суштинските прашања за младинска партципација и инклузија, како и за важноста од младинскиот удел во политичките процеси. Г. Ризван СУЛЕЈМАНИ, Универзитетски Професор, изјави дека младите треба да вложуваат напори и да влијаат на одлучувањето затоа што со нивниот ангажман целото општество ќе има поголем просперитет и напредок. Марија ЈАНКУЛОСКА, Координатор за истражување при Евро – Атлантски Совет на Македонија, ги презентираше резултатите од истражувањето и ги образложи препораките за идните политики кои би придонеле за повеќе можности за младите во процесот на донесување на одлуки. На конференцијата учествуваа високи функционери, креатори на политики, експерти и универзитетски професори, претставници од амбасадите на ЕУ / НАТО во Република Северна Македонија, граѓанското општество, академијата и медиумите, како и 60 млади луѓе со различен образовен профил. По завршувањето на настанот беше организиран коктел поддржан од винарија Тиквеш. Проектот беше директно поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Проектот имаше за цел да ги мапира проблемите и предизвиците за учество на младите во Северна Македонија, да понуди компаративен преглед за вклучувањето на младите во Бугарија (како интегрирана земја во евро-атлантските структури) и да ги адресира главните теми преку дискусии, компаративна анализа и препораки. Долгорочната цел на оваа акција е да се поттикне поголемо учество на младите во процесите на донесување одлуки преку развој на капацитети за активен ангажман на младите и преку поттикнување поголема мобилност и соработка. |





















