| Еленовски во работна посета на Вашингтон |
|
|
|
| Понеделник, 12 Март 2012 08:15 |
|
За време на работната посета, Еленовски ќе учествува на Состанокот на Бирото на Атлантската Асоцијација како нејзино највисоко тело. Состанокот на Бирото на АТА се одржува еднаш годишно и на него се разгледува долгорочната стратегија на светското атлантско движење и неговото дејствување на глобално ниво со 42-те членки од Северна Америка до Централна Азија. Во рамки на посетата ќе се одржат средби со претставници на Белата Куќа, Пентагон, Стејт Департментот и експерти кои ја градат стратегијата на НАТО за Самитот во Чикаго, вклучително и концептот на smart defence. На програмата се и средби со највлијателни американски тинк-тенкови како: Корпорацијата RAND, Фондацијата Хенри Кисинџер, Герман Маршал Фонд, Институтот за национални стратегиски студии при Националниот Универзитет за Одбрана (NDU), Центарот за американски прогрес како и во Атлантскиот Совет на САД. |













Лазар Еленовски, потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација – АТА (Atlantic Treaty Association), ќе престојува во работна посета на Вашингтон во периодот 12-15 март 2012 година.







