НАТО Студентска симулација: средба на НАТО министри за одбрана |
Понеделник, 24 Декември 2012 13:45 |
Имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настани од ваков карактер во државата се покажаа како многу успешни и интересни за студентите, министерството за одбрана на Република Македонија и воената академија “генерал Михајло Апостолски” – Скопје, во коорганизација со високите образовни институции во државата и Евро – Атлантскиот Совет на Македонија организираа студентска конференција на тема: “НАТО и Авганистан: ИСАФ мисијата и понатаму”.
Учесници на симулацијата беа студенти од универзитети во Република Македонија кои беа адекватно подготвени за симулацијата, да ги претставуваат земјите членки на НАТО, земјите партнери, Авганистан, новинари и интернационални организации. Оваа студентска симулација беше трета од овој вид во Република Македонија, и четврта во организација на ЕАСМ. Специјален гостин на симулацијата и нејзин покровител беше д-р Фатмир Бесими, министер за одбрана на Република Македонија. Практично, министерството за одбрана на Република Македонија ја препозна важноста на проектот и директно ја поддржа младината на Евро – Атлантски Совет на Македонија. Настанот се одржа на 20 декември 2012 година во Дом на АРМ, Скопје.
|