Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Генерално Собрание и ново раководство на Евро – Атлантскиот Совет
Генерално Собрание и ново раководство на Евро – Атлантскиот Совет PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 Јануари 2021 12:28

Врз основа на член 13, став 1 од Статутот на Евро – Атлантскиот Совет, на 28ми јануари 2021 со почеток во 17:30 часот беше оддржанo Генералното Собрание на Евро – Атлантскиот Совет.

Ramadani - Pretsedatel

Покрај извештаите за досегашната работа, статутарните промени, како и носењето на важни одлуки во насока на идното функционирање на организацијата до 2025 г., за Претседател на организацијата, едногласно, со консензус беше реизбран г. Исмет Рамадани, кој воедно и ги поздрави делегатите и свечено ја отвори седницата.

Djugumanov - Generalen Sekretar

За Генерален Секретар на Евро-Атлантскиот Совет, едногласно, со консензус беше изгласан г. Илија Џугуманов, а во функција на нов Извршен Директор на Бизнис Клубот, беше избран еден од најугледните бизнисмени во земјата, г. Светозар Јаневски.

Janevski - Izvrsen Direktor - Biznis Klub

На состанокот беа избрани и членови на новото Претседателство и Бизнис клубот на Евро – Атлантскиот Совет.

Членови на претседателство

1. Исмет Рамадани
2. Анѓелка Пеева – Лауренчиќ
3. Трифун Костовски
4. Илија Џугуманов
5. Љубе Дукоски
6. Ризван Сулејмани
7. Флорие Љатифи
8. Методи Хаџи Јанев
9. Тоше Коцевски
10. Виктор Андонов
11. Љубица Пендароска

Членови на Бизнис клуб

1. Свето Јаневски – М6 Груп
2. Живко Мукаетов - Алкалоид
3. Ангелка Пеева – Лауренчиќ - Имиџ ПР
4. Ферик Велија – Алсат М
5. Арсим Папранику - Нептун
6. Лазим Дестани - Еколог
7. Митко Андреевски – Си Ен Џи Системс
8. Арбен Абурахмани - Вез Шари/Lecker
9. Васко Кроневски - Некстсенсе


Овој состанок обедини над 55 членови и поддржувачи. Меѓу останатото, претставуваше одлична платформа за дискусија за актуелните глобални проблеми. Делегатите на ова Собрание донесоа одлуки за продлабочување на соработката со партнерите и развивање на стратегиите на организацијата до 2025 година.
Поради моменталната ситуација со COVID – 19 пандемијата и во согласност со препораките на државните и здравствените власти, овој настан беше оддржан онлајн на платформата ZOOM.

Generalno Sobranie ZOOM 1

 

Публикации

2 nato academy