ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: НАТО АКАДЕМИЈА 2022 |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 12 Април 2022 10:25 |
Третата НАТО Академија 2022 Главната цел на НАТО Академијата 2022 е да направи значителен придонес кон интеграциските процеси и воедно да ги засили реформите и правните реформи преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да креира платформа за дебата и дискусија. Академијата ќе биде од едукативен и информативен карактер и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите да станат запознаени со темите како што се НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика. Оваа 15 неделна Академија ќе покрива области од безбедноста, одбраната и евро-атлантските процеси, улогата и начинот на функционирање на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни мисии, родовите аспекти кај одбраната и теми поврзани со безбедносните закани на денешницата како што се сајбер и хибрид заканите, но и последните случувања во Украина. Кои се придобивките? Учесниците ќе се здобијат со теоретско и практично знаење во повеќе области како што се НАТО, безбедност, одбрана и дипломатија; тие ќе имаат можност да присуствуваат на предавања на горенаведените теми и да учествуваат во дебати и дискусии. Доколку е возможно, со оглед на ситуацијата и рестрикциите предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, учесниците исто така ќе бидат дел и од неколку студиски посети каде што ќе добијат информации, ќе зборуваат лице-в-лице со членови на Армијата и високи претставници од Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија, но и други институции, каде што ќе се запознаат со основните одговорности и обврски на Армијата. Успешното завршување на Акаедмијата ќе биде наградено со Сертификат, а најактивните учесници ќе добијат можност за директно учество во идни младински активности. Услови – критетиуми за учество Учесниците треба да се: Сите потребни материјали за подготовка на апликантите, насоки и комуникациска стратегија ќе бидат навремено обезбедени, од страна на претставници на Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија. Како да се пријавите? Заинтересираните кандидати, треба да аплицираат онлајн на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
најдоцна до 03 мај 2022 (вторник) до 14:00h, со наслов на е-маилот “Апликација за НАТО Академија2022”. Дополнително, треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо за учество (до 300 збора). Академијата официјално ќе започне во мај. Третата НАТО Академија 2022 е спонзорирана од НАТО Одделот за Јавна Дипломатија.
|